Ако пред речиси една деценија беше табу тема јавните личности да ги откриваат естетските корекции на себе, барем кај нас, сега дојдоа други времиња – многу послободни и не толку конзервативни.

Миа Костава пред неколку недели јавно откри дека ги зголемила градите, а не и требаше многу време за да го облече еден од омилените фустани и со своите пријателки да прошета во новото издание во град.

Сега, бидејќи летото е на праг, Миа веќе го има новиот костим за капење, бидејќи стариот секако веќе не и одговара.

Овој момент таа го сподели на кусите Инстаграм приказни, а мора да се признае дека бикините во корална нијанса одлично и стојат.