Несреќниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, доживеа уште една болка, по шокот од поразот на финалето на Лигата на шампионите. Неговата девојка, Даниела Грејс, спиела со никој друг, туку со ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Пред да се вљуби во голманот, девојката на Кариус поминала низ креветот на Португалецот. Двајцата имале љубовна романса во 2016 година, кога беше споменато дека тие често ги посетувале егзотичните дестинации.

Потоа Роналдо се сретнува со Џоргина Родригез и… идилата со Даниела завршува.

Даниела Грејс е американски модел на која  очигледно и се допаѓаат спортските ѕвезди. Освен Роналдо и Кариус, нејзе и се припишуваати НБА кошаркарот Блејк Грифин, како и велосипедистот Тејлор Фини.