Главниот и одговорен уредник на дневниот весник Слободен печат Бранко Геровски денеска си поднел оставка, со образложение дека врз уредувачката политика се вршел политички притисок.

Геровски во опширното објаснување на причините за оставката меѓу другото пишува:

– Јас, сопствениците и менаџерите различно гледаме на прашањето на уредувачката политика, на потребата на кој начин еден слободарски весник треба да негува критички однос кон властите во насока на засилени заложби за добро и одговорно владеење. И затоа, без дилеми, без жалење, меѓу функцијата и професијата, одлучно ја избирам – професијата. Јас сум слободен новинар и човек и не можам да бидам ништо друго, во ниту една димензија на моето постоење и дејствување како новинар и јавна личност, пишува во оставката.

Новинарот Злате Лозановски ќе биде нов главен и одговорен уредник на весникот, а негов заменик и понатаму ќе остане Жарко Јордановски, а новинарскиот тим, велат од весникот, ќе остане непроменет.

Слободен печат инаку е весник кој отворено ја поддржуваше тн. шарена револуција, смената на името на Република Македонија и на политиката на СДСМ и Зоран Заев.