Изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје се случиле 11 сообраќајки во кои едно лице се здобило со тешки, а седум лица со полесни телесни повреди.

Полицијата исклучила од сообраќај 15 нерегистрирани возила, а изречени се мерки за непрописно паркирање за 75 возила, додека „пајакот“ кренал 62 возила.

Казнети се и четворица возачи кои не давале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, 23 за зборување на мобилен при возење, а девет за неносење сигурносен појас.