Врнежите ги зголемија водостоите на повеќето реки низ земјава. Според денешните хидролошки мерења, Треска покажува девет пати повисоко ниво од просекот за август, а Црна Река е тројно покачена. Надојден е и Вардар, кај Јегуновце и Велес бележи тројно, а кај Скопје и Демир Капија двојно зголемување.
Само Сатеска кај Ботун, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка се под августовскиот просек.
Кај езерата, состојбата од вчера е непроменета.
Како што стои во мерната табела на УХМР, утре кај сите реки се очекува зголемување на водостоите во однос на денешната вредност.