Народниот протест против францускиот предлог за Македонија денеска продолжи во 19 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија.

Францускиот предлог нема да се најде на усвојување на денешната владина седница.

Според нивни извори Владата нема да брза со усвојување на документот бидејќи консултациите се` уште траат и не се исцрпени. Од Владата повторуваат дека ништо што задира или потенцијално задира во идентитетот, образованието, историјата, нема да биде дел од преговарачката рамка.

Во меѓувреме пред Владата маса народ протестира и вечерва, независно од дождот што го зафати Скопје ос околу 18 часот и се уште врне, но со послаб интензитет, извикувајќи „Никогаш Cеверна, само Македонија“, „Предавници“ и сл.