Кинеските власти во последен момент направија „сериозни отстапки“ во врска со барањата на ЕУ поврзани со трговијата и инвестициите, соопшти неименуван извор од седиштето на Унијата, во пресрет на денешниот Самит ЕУ-Кина во Брисел.

Како што јави ДПА, истиот извор тврди дека Пекинг се согласил на барањата на Брисел поврзани со субвенциите за индустријата, договорот за инвестиции и слободниот пристап до кинескиот пазар, што, според него, покажува дека „се исплател новиот пристап на ЕУ кон Кина“.

Преговорите меѓу двете страни за усогласување на заедничката изјава од Самитот се уште не се завршени и засега не е позната нејзината содржина. Текстот што ќе биде договорен на овие преговори, ќе треба да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ.