Патниците со два лета на KLM кои утринава слетаа на аеродромот Шипхол во Амстердам од Јужна Африка, се задржани во авионот.

Тие се тестираат за корона вирус во врска со нова, веројатно позаразна варијанта откриена во јужниот дел на Африка.

Во моментов не им е дозволено да го напуштат авионот, јавуваат медиумите.