Ова е објавата на Радмила Шеќеринска откако вчера со Заев беа на американскиот носач на авиони „Труман“. Таа се пофали дека на еден од авионите на носачот е аплицирано и македонското знаме.
„Членството во НАТО на дело“, се пофали Шеќеринска.
Арно ама, во оваа држава има и луѓе кои знаат дека кога се вари компир, во садот треба да се стави вода, нешто што било непознато за министерката, па така веднаш почнаа да тераат мајтап со Шеќеринска. Имено, аплицираното знаме на авионот е од Аризона, чија горна половина се состои од 13 црвено-жолти ленти, па ако не е во целосна форма, може да наликува на нашето.
Настрана мајтапот на Македонците со Шеќеринска, работата има и сериозна димензија: не дај Боже оваа жена да стане некаков репер за НАТО. Тоа веќе ќе е сигурен знак дека Алијансата е готова.
Знамето на Аризона