Амнестијата е чувствителна тема и нема многу да говорам на темата, само ќе кажам дека амнестиите не донеле среќа овде. Амнестијата треба да се јави по некое осудување, и по утврдување на одговорност и генерално кон амнестијата се мисли како помирување во општеството, но јас немам впечаток дека овде неказнивоста е поврзана со помирувањето, истакна во интервју за Македонското радио францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние.

-Овде неказнивоста не предизвикува помирување и тоа не е најдобриот пат за државата. Имаме општество кое е екстремно поделено, не е мое да го коментирам Уставниот суд. Правото на амнестијата треба да се користи во функција на помирување, а не во функција на неказнивост. Во однос на предлогот на Мицкоски за забрана за амнестија на политичари, не е местото на амбасадор на Франција да коментира вакви работи, но воедно постои европска тенденција за рестрикција на капацитетите за амнестија, особено кога станува збор за дела кои се економска и финансиска причина особено кога станува збор за кражба на народот особено кога станува збор за вакви дела со кои се минира демократијата и се минира довербата на граѓаните во политичкиот систем, рече Тимоние.

Тој додава дека кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе во предвид или парцијало или целосно затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувана и ја почитува целиот свет, и кога сме во потрага по европски стандарди, треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана. Суштината на оваа комисија е да креира право и да се произведе консензус.