Државните ревизори откриле многу нерегуларности во работењето на АД Пошта.
Тие констатирале дека во услови кога Поштата работи со загуба, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори за менаџерско осигурување за 7 членови на Управниот и на Надзорниот одбор.
АД Пошта работела со загуба, која до крајот на 2018 година изнесувала околу 10 милиони евра, од кои само во 2018 година се направени над 2,5 милиони евра, а остатокот е од претходните години, што говорело дека финансиската состојба на друштвото е значително влошена.
Тоа, пак, според прописите, укажувало дека во такви услови не требало да се склучуваат договори за осигурување на менаџерите, односно дека трошоците за менаџерското осигурување не биле целисходни.
– Но и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување на договори и полиси за осигурување за периодот од април 2018 до април 2019 година. Од страна на осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура од 2,76 милиони денари (речиси 45 илјади евра), која е платена од сметката на Пошта, стои во извештајот.
Според истиот, со менаџерското осигурување биле опфатени 7 директори во АД Пошта, кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор.
Ревизорите одговорноста за овој ревизорски извештај ја лоцираат кај Фадис Реџепи генерален директор и претседател на УО од 1.09 2014 до 31.08. 2018 и кај Ејуп Рустеми кој е генерален директор и претседател на УО од 1.09.2018 година