Демократската унија за интеграција во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците, односно минималната плата, се истакнува во соопштението на ДУИ, која две децении беше на власт.
Во продолжение целото соопштение:
За тоа сведочи и зголемувањето на минималната плата, особено во последните 7 години, каде што имаме зголемување од над 100% на минималната плата, и покрај тоа што се соочувавме со светската криза од КОВИД-19 и енергетската криза.
ДУИ секогаш во својата Програма еден од главните приоритети го има подигнувањето на животниот стандард на граѓаните.
Затоа, ДУИ без сомнение го поддржува барањето на ССМ, кои бараат приходите на работниците да бидат најмалку 450 евра, наместо досегашните 370 евра.
Демократска унија за интеграција