Во последните 24 часа коронавирусот во Србија е потврден кај 13.753 лица а тестирани биле 33.163 лица.
Како последица на заразата во изминатите 24 часа починале 19 лица, со што Србија ја надмина бројката од 13.000 починати од Ковид-19 или вкупно досега се починати 13.003 лица.
На лечење по болниците во Србија се наоѓаат 2.340 пациенти, а 96 се на респиратор.
Редиците пред ковид амбулантите не се намалуваат и бројот на нови пациенти се повеќе расте.