Во согласност со Уставот беше изборот на претседател на Собранието со 59 гласа, во согласност со Уставот беше законот за јазици со европско знаменце, во согласност со Уставот беше уцената на пратеници со долгогодишни затворски казни, во согласност со Уставот беше промената на името по неуспешен референдум.

Вака на Фејсбук реагира Игор Дурловски за уставноста на која се повикуваат владејачкиот СДСМ и неговите приврзаници во врска со кандидатот за министер на МВР во техничката Влада.

– Во согласност со Уставот ни го зедовте најсветото!- со иронија напиша Дурловски.