Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека другите лица кои патувале со заболената патничка во комбето ќе останат во домашна изолација, бидејки истите немаат симптоми.

-Засега ќе останат во домашна изолација вкупно 12 лица, девет луѓе се патници во комбето, една од патниците е пациентката на клиника, значи имаме уште четири луѓе со кои што овие осум имале контакти. Сите се членови на семејствата и тие се изолирани. Меѓу нив има и две деца од четири години. Тест не се прави бидејки тој во овој момент ќе биде негативен. Минималната инкубација е околу пет дена. Нив ги чува полиција, не смееат да контактираат со други луѓе и да го напуштат домот 14 дена. Со храна ќе ги снабдува Црвениот крст. Ако им се појават симтоми ќе бидат однесени на Инфективна клиника. Засега тие немаат никакви симптоми и се здрави, изјави Филпче.