Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Франција во последните 24 часа се зголеми повеќе од двојно, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, посочувајќи дека од 18 е зголемен на 38 заразени лица.

Веран на прес-конференција истакна дека Франција е подготвена за епидемијата од коронавирусот.

Францускиот здравствен службеник Жером Саломон рече дека од 38 регистрирани случаи, двајца починале, 12 се излекувани, а 24 и натаму се во болница, од кои двајца во тешка состојба.

Во Италија, пак, уште три лица починаа како последица на коронавирусот, со што бројот на жртвите во земјата се зголеми на 17, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на потврдени заразени случаи денеска изнесува 650 лица.

Поголемиот број од заразените се од Ломбардија и Венето, во северниот дел на Италија.