Јас не го знам договорот и не ми е потреба да го знам, изјави собранискиот спикер Талат Џафери во врска со договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопати, кој ја бранува јавноста.

– Во Собранието на дел од пратениците со безбедносен сертификат деновиве ќе им биде презентиран Договорот за изградба на дел од коридорите 8 и 10-д што Владата го потпиша со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, но нема да им биде даден примерок. Владата вчера се обратила до Собранието за да го претстави договорот пред пратениците, а вчера попладне за тоа се известени координаторите на пратеничките групи, информираше Џафери на брифинг со новинарите.

Спикерот Џафери информираше дека договорот ќе биде презентиран пред собраниска комисија и ако на докуметот има назнака дека содржи класифицирани информации, седницата ќе почне како отворена, па заради констатацијата за класифицираност ќе продолжи како затворена за јавноста.

Сè уште не се знае пред кое работно тело во Собранието ќе биде презентиран документот, а тоа зависи од тоа кој претседател на некоја од надлежните комисии има безбедедносен сертификат.

Џафери не очекува дека таква седница може да има во текот на следната недела, заради празникот 1 Мај, а најверојатно ќе биде кон средината на идниот месец.

– Треба да видиме во кој степен на класифицираност е документот, да се утврди терминот, кое работното тело ќе учлествува и кој претседател на комисија ќе ја води таа комисиска седница. Тој што ќе ја води мора да има безбеднисен сертификат – информираше сшикерот Џафери.

На седницата, како што објасни, претставници на Владата ќе го презентираат договорот со „Бехтел и Енка“, но нема да им го дадат на пратениците затоа што се работи за класифициран документ, а пратениците немаат начин ни закоснки овластувања како и каде да чуваат класифицирани докумети. Останува нејасно како од една презентација пратениците ќе добијат увид за целата содржина на договорот кој е склучен на над 400 страници.

Спикерот Џафери на новинарско прашање рече дека него лично не го интересира што има во договорот со Бехтел и Енка.

– Јас не го знам договорот. Не ми е потреба и не ми е надлежност да го знам. Тоа е документ зад кој стои Владата, рече Џафери.

За јавноста сè уште останува нејасно и во која процедура, кое тело и на чија иницијатива ќе се проверува врз кои законски основи Владата класифицирала дел од документот.

Во врска со законските измени на повеќе закони со кои треба да се забрза изградбата на автопатите од кориодорите, а кои останаа заглавени на три комисиски расправи затоа што претседателите на тие комисии се од опозицијата и не ги закажуваат состаноците, спикерот објасни дека Деловниокот предвидува дека ако законот не помине на комисиска расправа не може да оди на пленарна седница и да биде усвоен.