Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска се јави со реакција на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на непожелни личности и забрана за влез во Македонија.

– Македонија била и е бугарска! С. Македонија е друга работа. Заслугата тука е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината, објави европратеникот Џамбаски на својот профил на Фејсбук.

Токму Џамбаски неодамна среде Скопје ја провоцираше Македонија и Македонците со изјави за „бугарскиот карактер на Македонија“ што предизвика револт кај македонскиот народ.