Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот во Украина го ставаат светот во ризик од „апокалипса“, за првпат по Кубанската ракетна криза.

„Не сме се соочиле со можност за апокалипса од Кенеди и Кубанската ракетна криза во 1962 година“, рече Бајден  на собир во Њујорк.

Тој додаде и оти верува дека неговиот руски колега Владимир Путин „не се шегувал“ кога ги упатил заканите. Рускиот претседател Владимир Путин „не се шегува кога зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје, биолошко или хемиско оружје“, рече Бајден.

Тој, исто така, ја оспори руската нуклеарна доктрина, предупредувајќи дека употребата на тактичко оружје со помала моќност може брзо да излезе од контрола и да доведе до глобално уништување. „Мислам дека не е можно да се користи тактичко оружје и да не се случи Армагедон“, истакна Бајден.

Бајден, на собирот за донации кампањата на Демократската партија во Сенатот во Њујорк,  предупреди дека претседателот на Русија, Владимир Путин „не се шегува“ за употребата на оружје за масовно уништување во војната во Украина, објави Вашингтон пост.

Бајден истакна дека го познава Путин „прилично добро“ и верува оти рускиот лидер „не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје, биолошко или хемиско оружје, бидејќи неговата војска, ако може така да се каже, не се претстави на најдобар начин“.

– Не сме се соочиле со изгледите за Армагедон од деновите на Кенеди и кубанската ракетна криза. Мислам дека не постои нешто слично на способноста за лесно (користење) тактичко нуклеарно оружје што нема да  заврши со Армагедон, посочи Бајден.

Додека британскиот весник Гардијан објави дека ако Русија употреби нуклеарно оружје, ќе ги стави САД и нивните сојузници во дилемата како да одговорат, а поголемиот број експерти предвидуваат дека ако Вашингтон одговори со воена сила, тоа ќе биде со конвенционални средства за да се избегне брза ескалација до целосна нуклеарна војна.