Кога сите универзитетски професори и соработници во Македонија би се собрале да живеат на едно место, ќе се формира градче кое според бројот на жители би било со големина на Пехчево

Бројот на наставници и соработници во високообразовните установи во академската 2018/2019 година изнесува 4.323, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број наставници и соработници, 3.101 или 71,7  проценти се наставници и 1.222,  односно  28,3 проценти се соработници во наставата.

Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2018/2019 година изнесува 2.060 или 47,7  проценти.

Според пописот на населението од 2002 година, во Пехчево имало 3.237 жители и спаѓа во групата на мали градови.