Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој денеска замина за Њујорк, не планира да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации.

– Нема план за состанок или преговори со американските лидери. Немаме никакви планови за средба со нив, изјави Раиси на аеродромот во Техеран пред неговото патување во САД.

Подоцна во текот на неделата, тој ќе му се обрати на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Како што додаде иранскиот претседател, појавувањето во ОН е шанса да му се објасни на светот за наводната „злоба“ на некои сили кон Иран.