Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста  богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. 

Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство. 

– Страшна е и помислата дека сме во услови на тоа што се случи, всушност немање снабдување, недостиг на нафта, гас, струја и храна. Ова се случи. Не и денес стоиме зад усвоениот пакет економски мерки, со кој не предвидуваме поскапуме на цената на струјата за ниту едно албанско семејство. Министерството за енергетика прави студија за богатите семејства, за да видиме дали можеме да направиме привремена поделба каде тие што имаат повеќе да платат повисока сметката за енергија, изјави Рама. 

Тој нагласи дека за другите  домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата. 

Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.  

Поради неповолната хидрологија акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора во поголемина на Балканот, според последните информации е на критичниот минимум, поради што запрено е производството. 

Претходно Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.