Повеќе медиуми во Грцја денес издвоија простор за џиновскиот домат нараснат во бавчата на извесниот П. Дафа од Кожани. Патлиџанот, нешто поголем од тие што министерот Никола Димитров ги покажуваше на своите колеги кои ќе ги добијат како награда ако не пикнат во ЕУ и во НАТО, тежи добри 926 грама. Наводно израснат е без вештачки ѓубрива. Вкусот му бил перфектен.

Географски Кожани е во Македонија, отаде границата на својата „сестра“ од северна Македонија, каде еден наш колега во Охрид во својата бавча исто така има џиновски домати. На сликата може да се види дека дете не може да го опфати со двете дланки. Но, можеме да кажеме дека со вакви капиталци можат да се пофалат многу скопски бавчофанџии, кои со еден патлиџан можат да направат салата за цело маало.

Охридскиот домат во конкуренција со доматот од Кожани на фотографијата погоре

Меѓу Кожани и Охрид има 177 километри (исто како од Скопје до Охрид), патлиџаните се исти, вкусот несомнено ист, перфектен, но што ќе биде со народот кој се уште е ист, но треба да помине едно премрежје наречено референдум за промена на името и идентиетот?

Патлиџан дилпоматот Димитров. Македонците уште се чудат на неговиот изум