Земјата-членки на Европска Унија да им помогнат на своите новински агенции во форма на надомест за услуга поради општ економски интерес, објави Европска Комисија (ЕК) денеска во врска со финансирањето на Словенечката новинска агенција (СТА).

– Доколку се исполнети одредени услови, вклучително и условот износот да не надмине одреден праг, надоместокот може да се додели без претходно известување и одобрување од страна на ЕК, така што може да се изврши директно, изјави портпаролка на ЕК.

Таа додаде дека ЕК е во контакт со словенечките власти за финансирање на СТА.

Поконкретни детали за прашањето за финансирање на СТА од гледна точка на европските правила за конкуренција се уште не се добиени, јави Агенцијата.

Портпаролот од одделот правда, Кристијан Виганд го повтори ставот на Комисијата дека медиумите треба да можат слободно и независно да работат низ цела ЕУ, бидејќи тоа е суштината на плурализмот во медиумите.

Тој додаде дека јавните служби имаат посебна улога во ЕУ и дека ЕК ги повикува сите земји-членки на ЕУ да се воздржат од обид да вршат притисок врз нив.

Според него, одлуката за финансирање на СТА треба да се разгледа на национално ниво, а ситуацијата ќе продолжи внимателно да се следи од ЕК.