Составот на Наполи успеа да оствари победа над Аталанта со 2-1 во втората средба од 13. коло во Серија А.
Наполитанците на дебито на новиот тренер Валтер Мацари се изборија за триумф на тежок терен, триумф во кој директен придонесе имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Гостите го добија првото полувреме со погодокот на Кварацхелија во 44 минута. Меѓутоа по паузата стигна одговорот од избраниците на Гасперини и тоа преку Локман кој стралеше во 53 минута.
Меѓутоа потоа Мацари внесе вистински џокери, Осимен и Елмас, асовите кои во 79 минута беа главните виновници за вториот гол на актуелниот шампион. Нигериецот ја имаше улогата на асистент, а Македонецот пак беше реализитор за големи три бода на гостите.