За омикрон сојот на коронавирусот нема ниту доволно време, ниту доволно инфицирани луѓе за да го плашиме светот, изјави епидемиологот Александар Стојанов за порталот Фактор.

Епидемиологот Стојано смета дека е сè уште рано за да се излегува со какви било ставови кои шират огромен страв кај населението.

– Омикрон сојот се појави пред десетина дена, а науката не може толку брзо да изнесе најточни податоци, бидејќи нема доволно време и нема доволно заразени луѓе за да се направат сите потребни испитувања во однос на тоа каква клиничка слика дава вирусот или колку луѓе можат да се заразат од само еден преносител. Постојано сме во некаква паника, прво со делта-сојот, па со делта плус, сега со омикрон, но најверојатно не е баш така како што изгледа. Во однос на ригорозните мерки кои ги преземаат голем број земји ширум светот, моето мислење како епидемиолог е дека земјите не треба да ги затворат границите. Постојат другите мерки кои се во насока на спречување на заразата и ако доследно се почитуваат може да бидат многу поефикасни од затворање на границите, објаснува Стојанов за Фактор.

Еидемиологот додава дека е многу важно опфатот на вакцинација во Македонија да биде што е можно поголем, а не само околу 50 отсто.