Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на владата во Анкара да почне со градежните работи на гасниот јазол во Турција, објавија денеска турските медиуми.

Изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа.

– Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат, изјави Ердоган на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.

За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас.

Тој кажа и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“.