АД ЕСМ преку соопштение појасни дека нивниот генерален директор, Васко Ковачевски пишувал поезија за лидерот на СДСМ уште пред да стане генерален директор на РЕК и потоа на ЕСМ.

Од АД ЕСМ велат дека песната за Заев, која вчера беше објавена на повеќе портали и се шири на социјалните мрежи, првпат била објавена на 23 април 2016 година, на приватниот профил на Фејсбук на сегашниот директор Васко Ковачевски, кој не го користел од 2018 година. Откако бил назначен за директор на РЕК Битола профилот бил деактивиран.

Подолу ја објавуваме песната на поетот и директор Ковачевски, кој деновиве беше актуелен во медиумите и со изборот на неговата сопруга Мери Ковачевска за прва жена-претседателка на македонската кошаркарска федерација. Ковачевски инспирацијата ја добил од партискиот лидер на СДСМ, бивш премиер и актуелен пратеник и мандатар за новата влада, Зоран Заев.

За политичките и естетските мотиви на поезијата што ја создава директорот и поет Ковачевски нека судат експертите за политика и лирика.

(Д.Г.)