Европската унија последен пат се обидува да го спаси иранскиот нуклеарен договор и да го отстрани ќор-сокакот, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави за британскиот весник дека бара „среден пат“ за да се стави крај на „ќор-сокакот што се заканува да уништи повеќе од една година европски дипломатски напори за постигнување договор“.

Намерата на ЕУ е САД повторно да се приклучат на договорот од 2015 година и да ги укинат санкциите кон Иран, а за возврат Исламската Република драстично би ја намалила својата нуклеарна активност, наведува „Фајненшл тајмс“.