Корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка утре од 8:00 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8.30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Тодор Чангов“ – подулици број 53 и 61 во Општина Аеродром.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.