Групата на европските социјалдемократи во Европскиот парламент бараат од Европската народна партија, чии членови се ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, да ги убедат сестринските партии да го поддржат договорот со Грција за смена на името во Северна.
– Ја повикуваме политичката опозицијата од партиите на ЕПП во двете земји да покажат одговорност и да го поддржат договорот, изјави Удо Булман, шеф на социјалдемократите во ЕП.
Тој порача дека решението за името ќе ја отклучи евроатлантската перспектива за Поранешната Југословенска Република Македонија и ќе помогне да се зацврсти мирот и стабилност во земјата и во регионот.