Минатата година дури за 20 отсто бил намален бројот на граѓаниво Македонија кои сметаат дека членство во ЕУ е добра работа, во споредба со претходната 2021 година.

Ако се земе предвид дека бројот на граѓани што живеат во Македонија е околу 1,8 милиони тоа значи дека околу 360.000 македонски граѓани за 12 месеци ја загубиле довербата во ЕУ како добра цел кон која треба да се стреми земјата.

– На прашањето дали испитаниците сметаат дека влезот во ЕУ е добра работа за државата, 49 отсто одговориле потврдно, што претставува најниско ниво од 2014 година наваму и остар пад од 20 процентни поени во однос на 2021 година. Проценката на односот на ЕУ како ’фер, пријателски и коректен‘ изнесува 17 отсто наспроти 30 отсто измерени во 2021, а дека односот на ЕУ е ’нефер, надмен и уценувачки‘ сметаат 65 отсто наспроти 48 отсто измерени во 2021 година, соопшти Евротинк, која ја спроведе анкетата.