Венко ФИЛИПЧЕ

Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.