Во Собранието денеска беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата. Изразувам благодарност до пратениците за поддршката и искажаната грижа за колективното здравје, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Имунизацијата, посочува министерот, е единствениот начин да ставиме крај на пандемијата.

А за имунизација ни фалат само – вакцини!