Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, потврди дека 8 медицински лица и двајца пациенти од институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле се позитивни на корона вирусот.

“Таму се тестирани 46 вработени во заводот и 6 пациенти. Примероците се земени на 26-ти, 27-ми и 28- ми март. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Во текот на денешниот ден, тестирани се уште 16 пациенти, кои во моментов се уште се хоспитализирани во заводот. Имајќи ги предвид резултатите и обемот, спецификата на работата, Заводот во Козле нема да работи во наредниот период” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Проблемот настана кога се утврди дека пациент од Тетово, кој две недели лежел во Заводот, и бил испишан, бил позитивен на тестот за корона вирус. Филипче тврдеше дека тој имал една посета (иако посетите се забранети), семејството дека тоа не е точно. Филипче денеска остана без објаснување како се случила оваа хаварија во Заводот.