Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за новинарите кажа дека во Македонија се уште не е детектиран новиот вид на коронавирус како оној во Велика Британија.

-Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија. Но, не се работи за истиот, туку за сосема различен, што е откриен во Србија и во Швајцарија, истакна Филипче.