Од морални причнини му понудив оставка на премиер Заев, изјави министерот за здравство Венко Филипче во краткото обраќање пред медиумите кое не траеше повеќе од неколку минути колку што требаше да се прочита подготвената изјава. Како лекар и како човек имам интегритет, рече Филипче, и од тие причини ја понудив оставката.

Како што забележувате, тој не рече „поднесувам“ оставка, туку „понудив“ оставка, што може да значи и дека тоа што  е понудено не мора да биде прифатено.

Нејасно што се случи во овие 24 часа по вчерашната прес конференција на Филипче кога цврсто застана зад ставот дека нема да поднесува оставка додека не заврши истрагата, па потоа ќе донесе одлука.

Очигледно е меѓутоа дека станува збор за надворешен притисок по што следеше поднесување оставка на заменикот министер, а сега и понудување оставка од Филипче.

Денекса оставки поднесоа и двајцата директори на тетовската Клиничка болница, Бесими и Етеми.

Сите тројца поднесоа оставки, за разлика од Филипче кој понудил оставка.