Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ Венко Филипче, е доказа дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму.
-Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури и дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба, изјави Филипче пред почетокот на Седмиот конгрес на НСДП.
Додаде дека, исто така, ги повикуваат и сите граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека, како што нагласи, нема иднина во земјата со оваа власт.
-Пензионери кои што знаат и сфатија дека се излажени, дека нема достоинствен пензионерски живот со оваа власт овде во земјата. Ги повикуваме заеднички во Фронтот да се бориме против оваа криминална власт која што го пљачка и последниот денар од буџетот додека тие уживаат и се богатат на сметка на граѓаните. Против оваа криминална власт која што земјата ја држи во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите, и против оваа криминална власт која што одработува за туѓи интереси – пред сè српски и руски интереси – сакајќи да останеме изолирани и слепо црево на Балканот. Тоа нема да им помине, рече Филипче.
Македонија, додаде тој, повторно ќе биде на исправниот, правиот пат кон Европа, повторно ќе биде демократска, ќе биде слободна и повторно тука младите ќе ја гледаат иднината убава.

Крајната цел на Фронтот, рече, ќе биде оваа власт да замине, да ја ослободи државата, да се вратиме на европскиот пат, а одговорните да одговараат и да враќаат пари.
-Притоа, тоа значи дека во меѓувреме опкружуваме, власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција, никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе го укинуваат Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и ништо од тоа не направија. Дојдоа на власт со една голема лага, со една пропаганда којашто е стимулирана, финансирана и поддржана од други земји и затоа оваа власт одработува за други земји. Тие тоа право го немаат. Оваа, овој фронт има за цел да воочи следните избори, без разлика кога се, дали се предвремени, дали се а, редовни, ја врати власта во рацете на граѓаните, рече Филипче во изјавата.
Фото: Архива




