Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе има лично обезбедување и возач потврдуваат од МВР, но не заради закани и не на лично барање.

Филипче преку ТВ Телма ги негира наводите дека тој барал обезбедување и вели дека обезбедувањето му е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност, на уште шест месеци.

По направена безбедносна проценка, на доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче, му е продолжено личното обезбедување за уште шест месеци, иако повеќе не е на функција.

Филипче и во Фокус, ги демантира информациите дека имал смртни закани.

– Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на АНБ, изјавил Филипче за Фокус.

Екминистерот Филипче ќе има лично обезбедување иако веќе не е министер за здравство, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека може да се определат мерки за обезбедување по престанокот на функцијата на членови на Владата и токму затоа Венко Филипче во моментов е обезбедуван од полицијата.

По четири години министерување Филипче ѝ се врати на професијата, а неговото министерско место го презеде стоматологот Беким Сали од Алтернатива.