Имаме тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19, но доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање за продолжувањето на полицискиот час.
Тој пак повтори дека ќе се вакцинира кога ќе стигне поголема количина на вакцини и кога ќе му дојде редот, за како што рече „да не го земе редот на некој што има поголем ризик“.