Македонски војник кој бил заразен со Ковид-19 и е во тешка состојба, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести, дознава Фокус од извори на клиниката.

Од таму за порталот велат дека се чувствува паника кај дел од колегите.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди оваа вест и вели дека пациентот доаѓа со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.