Европа треба да биде силна не за да води војна, туку да гарантира мир, рече финскиот претседател Саули Ниинисто, повикувајќи ја Европа да инвестира во производството на оружје.

Според него, инвестициите во производството на оружје се неопходни не само за да се обезбеди потребната помош, туку за силна Европа.

-Силен, не да води војна, туку да гарантира мир, рече Ниинисто во обраќањето до нацијата.

Тој додаде дека од Европејците се очекува да бидат поодговорни кога станува збор за безбедноста.

-Очигледно се очекува од Европејците да преземат поголема одговорност. Јасното и брзо прифаќање на оваа одговорност е најдобриот одговор на сите шпекулации за влијанието на американските избори врз безбедносната соработка, рече финскиот претседател.

Според него, најважните групи за поддршка на Финска се ЕУ и нордиските земји.

фото: МИА архива