Депресијата не вклучува само чувство на очај и тага. Првите симптоми се често пати незабележителни, па луѓето не посветуваат доволно внимание на тоа.

Според експерти од Универзитетот во Вашингтон, два или повеќе од долунаведените симптоми може да укажуваат на депресија, а луѓето да не се свесни за тоа.

Ова се можните физички симптоми: умор, неодредени болки по телото, желба за благо или јаглехидрати дури и кога сте сити, тешко контролирање на апетитот, слаба концентрација, попладневна поспаност дури и ако сте наспани, чести изливи на бес и напнатост, безволност за извршување на секојдневните обврски и несоница.