Британскиот боксер Тајсон Фјури соопшти дека ќе има три борби до крајот на годината, по што ќе ја заврши својата кариера.

Следната борба Фјури ќе ја има на 15 јуни против германскиот боксер Том Шварц. Британецот тврди дека датумот на следната битка е 28 септември.

-Ми остануваат уште три борби, а потоа одамна заслужен одмор, соопшти Фјури.

За мечот со Шварц кажа дека очекува тешка борба.

Ова е борба против опасен гладен лав кој се подготвува да ме нокаутира. Тој има 16 нокаути во 24 меча. Значи дека е добар боксер. Воопшто нема лоши противници во боксот. И ако дозволите потценување, тоа може скапо да ве чини, нагласи Фјури.

Британецот во својата професионална кариера има 28 борби на кои 27 пати победил и само еднаш загубил.

Шварц има 24 борби и сите ги добил.