Манчестер сити синоќа го победи Лестер со 1:0 во натпреварот од претпоследното, 37. коло од првенството во Англија и само една победа го дели од одбрана на шампионскиот трофеј. Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Винсент Компани во второто полувреме.

Тимот од „Етихад“ 95 поени е на првото место на табелата, пред Ливерпул кој има 94 на втората позиција.

Лестер е 9. со 51 бод.

Последната рунда во Прмиер лигата за сезоната 2018/19 ќе се одржи во недела, 12 мај. Манчестер сити ќе му гостува на Брајтон кој веќе има обезбедено опстанок, додека Ливерпул ќе се сретне со седмо пласираниот Вулверхемптон на кого исто така бодовите не му значат ништо околу пласманот на табелата.