Ракометарите на Вардар по вчерашниот пласман во полуфиналето во Лигата на шампионитена Европа, денеска беа пречекани од голем број симпатизери пред салата Јане Сандански во скопски Аеродром.

Меѓу навивачите и симпатизерите што ги пречекаа вардарци можеше да се видат различни генерации.

Атмосферата најубаво може да биде доловена со фотографиите објавени на официјалниот профил на РК Вардар.