Шпанскиот шампион Барселона во новата сезона има одличен старт 18 бодови од шест натпревари, но тренерот Ханси Флик и екипата утре (сабота 21 часот) ги очекува гостување кај Севиља. На прес конференција пред дуелот Флик не одговори точно кој ќе биде голманот што ќе го замениот повредениот Жоан Гарсија.
На дуелот против Расинг Сантандер го замени полскиот голман Војчех Шчешни. Но, тој направи голема грешка и шпанските медиуми сега шпекулираат дека голман-стартер можно е да биде хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.
– Знате дека никогаш не зборувам за составот на ден пред натпреварот. Ќе почекате за да видите, кој ќе брани, изјави Флик.
Навивачите на Барселона очекуваат дека шанса може да добие хрватскиот репрезентативец. И самиот полски голман има дадено изјава дека во моментов Ливаковиќ е во подобра форма од него.




