Сетина и Попадија се села во Егејскиот дел од Македонија, од каде што потекнува фолклорното богатство што го објавуваме подолу. На фотографијата е селото Сетина.

Благослови

Аиро да му го видиш.
Аерлија да е.
Бог да го прости, да е жива фамилија.
Голем да пораснеш.
Да ти е жива фамилијата.
Да си го ќердосаш името.
Да ти се живи децата.
Да ти е жив стопанот.
Да си ми жив.

Добар ќсмет да имаш.
Дај Бог добро.
Да ти дај Госпо, што ти срце сака.
Да слушаш татко и мајка.
Дедо да се сториш, сто години да живееш.
Дома да си гредиш (доеѓа).
Добро утро, ка осунавте, ка ти е Стојан и децата.
Да простиш, да се жениш, да ти дај Господ добар ксмет.

Здрави ми се, живи, ка се твоите?
Добро дојдовте! Добро најдовме – да ви е жива фамилијата.
За многу години, на здравје.
Еднаш за век да ти е радоста.
За радост да си грејме, Господи.
За многу години со здравје, во година да дај Господ подобро.
Здравје да имаш.

За зет поарни (костими, чевли, чорапи).
Жив и здрав да си.
И во година да дочекаш.
И за нас везден, Господи.
И на твоја гла да ти је врнато.
И до година со здравје.
Колку лафој толку добрина.

Ќар и бериќет да имаш.
Нека е здрав и жив.
Напијте се со здравје.
Пак да се видиме здрави и живи.
Со аир да ви е.

Со здравје за Божик, Велигден, Ѓурѓовден.
Со арно, со добро.
Со веселби во куќата.
Со невеста до година, Господи.
Оваа година беќар, до година со невеста.
Оваа година со невеста, до година со син.
Од едно илјада да се наплодат.
Од мене лек, од Господ сељамет.
Радосен и весел да си.

Убајна да ти дајт Господ.
Учен да си,
Умен да си.

Клетви

Аир да не се сториш.
Арам да ти е.
Арам и крв да ти се стори.

Арам да му е на младоста што ја има.
Арам да му е лебо.
Аир да нема.
Аир никогаш да не види.
Бабки и џумки да ти излезат.
Бел ден да не видиш.
Божиќ да го не втасаш.
Болки да го изеј.
Болка да го фати.

Вошките да те изедат.
Враго да те земи.
Врато да си го скршиш.
Во земја да влезиш.
В’лко да те изеди.
В’лко да те истури.
Гарван очите да ти иступа.
Госпо да го затри.
Господ да го удри.
Гладен да умри ненајаден.

Господи, кукавица да ти кука во главата.
Господи, кукавица да те видам.
Госпо да го донесе.
Да не се врати.
Да те тресни Госпо.
Да ти запусти името.
Да не види бел ден.
Да нема очи во главата.
Да не прокопса.
Да не се роди.

Да не викни.
Да тресни.
Да онеми.
Да пцовиса.
Дома да не умри.
Душа да бери, па да не добери.
Душата од носи да му излези.
Дека оди да не се врати.

Земјата да не те прибери.
Земјата да те потони.
Змија да те касни.
Змија осојница да те касни.
Јазико да му се исуши.
Јазико да си го гризни.
Камен да стани.
Катарата да го изеди.

Катран да сериш.
Кој е крив Госпо да го искриви.
Кал во срцето да ти влези.
Кал во џигерот да ти влези.
Крвта му ја испија. Куршум да го изгори.
Куќа да му угасни.
Куче главата да ти ја гризни.

(Од книгата „Сетина и Попадија во минатото“ од Ташко Јованов и Стојан Трпчевски, Скопје 1992 г.) (Подготви Марко Китевски)