Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност.

Околу пладне и попладне ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени Целзиусови.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

УВ индексот е 5.