Македонски народни гатанки

Целјот дрвен во глата црвен.
Дрвено, надрвено, на главата нацрвено.
Киселина – оцет
Љута кучка в кланик лежит.

Брада имат, гла немат.
Клен-риба, клен-дрео
Кога во вода пливам убо живјам, кога во гора растам мора да изгорам.
Клепало и врата црковна
Пупунче пупат, катана зејт.

Клуч и катанец
Вујко вујна гадичкаше, вујна му се потсмеваше.
Стрико стрина
гадушкаше, стрина му се кикотеше.
Вујко вуња гудичкаше – вуња му се кикотеше.
Вујко свирна, вујна нога дигна.
Црн пес на кофчек лежит.

Кључ за сено (кука)
Имам едно нешто околу стог се вртит и ништо не јајт.
Книга
Бела нива црно семе ражџа.
Бела нива црно семе, со рака го сејат со уста го берат.
Ум немат, а секому дават.
Бела ливада, со црни цвеќа.
Ум дават, а не зборуват.
Уста немат, а сос секого зборвит.
Нивата е бела, семето е црно, пет сејат, а едно трча. (Книга мастило, прсти, перо)
Да е чоек, не е чоек, а со чоека ти зборуа.
Бела бела леица, сос црна ситна пченица.

Ни ткано, ни предено, преку греди префрлено.
Коза
Имам си едно нешчо со два колца во челото.
Рогови носи, вол не е.
млеко дава крава не е,
брада носи поп не е,
опитај го што е?

Кокошка
Сто фустани носит, ко ќе дувнит ветрот г’зот је се видит.
Парталаа Ѓупка, дуна ветро и се виде газо.
Клекна кмет остаи мед, двајца го видоа, петмина го зедоа. (Кокошка кога неси јајце).
Не загубил барат.
Лежит Мара в камара, чекат сина од синџира.
Глава има заби нема.
Коњски стапалки
Чаша по чаша дури в Цариград.

Елен по море пливаше, ни морето се матеше, ни еленот се давеше.
Имам едно нешто – душа нема, души носе.
Коса
Крива Деспина по ливада псит.
Костен
Кожата му е црна, срцето му е бело.
Црно каче, бело сиренце.
Бело месо, црна кожа.

Котле
Црно мече, газе пече.
Црн калуѓер плешти печет.
Кош
Си имам едно магаренце цела племна ми изеде лајна не исра.
Крава:
Од четири бели чезмуљки слатко млекце дава.
Викна Вида од висока рида, ја чу Трна се загна по четири зрна. (Крава и теле.)
Викат сојка од осојка: „Подајте ми го моего Стојка, ќе му дада четири трно-сливи“. (Кравата по телето).

Кромид
Осушен досушен тридевет кожушен.
Еже меже во девет кожи леже.
Един овен заклах, девет кожи одрах.
Кросно на разбој.
Еден човек имал две крави, едната м’лзница другата јалојца. М’лзницата се изјалојала, јалојцата се отелила.
Крт.
Без рало без мотика, само орат, само копат.
Ни плуг ни мотика, а само орат и копат.
Кука со која што се скубот слама
Имам си една крава, сичката си слама изеде, ни едно лајненце не ми исра.

 

Кукајца
Јајца несит, не квачит, а пак пилиња имат.
Куќа и луѓе
Квачката мртва, пилињата живи.
Мртва квачка, над живи луѓе.

Лажичник со лажици
Говедата в говедарникот, опашките им вонка.
Ламба
Ноќе слугинка, а дење господарка.
Леб
Без кора го клааш, со кора го извааш. (Непечен и печен)
Без кожух флезам, сос кожух излезам, не гледајте ме, земете ме, јадете ме.
Мек го клааш, јак го извааш. (Во фурна и од фурна).

Лешник
Малоо грненце слатко варилце.
Лице
Честа, честа горица (коса)
под горица полица (чело)
под полица сорпец (вежди)
под сорпец зорцала, (очи)
под зорцала сморчало (нос)
под сморчало ламија (уста)
под ламија чоканче (брада)
Во двор имат седум чешми, четири солени, две горчливи и една блага.

Лист
Падна Толе в море, ни море се заниша, ни Толе се удај.
Лоза

(Подготви Марко Китевски)